недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Нов бран на коронавирус во Србија

Нов бран на коронавирус во Србија

Висока температура, слабеење на сетилото за мирис и вкус, покачено ЦРП и пневмонија се симптоми на новите соеви на коронавирус што ја зафатија Србија. Лекарите предупредуваат да се биде внимателен бидејќи постојните тестови на коронавирусот се несигурни, а чекалниците пред ординациите се преполни. Масовно на болничко лекување завршуваат лица над 65 години, лица со хронични заболувања, од кои повеќето се невакцинирани, јавуваат српските медиуми

Според написите, во последните две недели лекарите по општа медицина работат со полна пареа, а респираторните вируси и новиот бран на коронавирус се сè поагресивни, па болничките кревети на Инфективната клиника и на Клиниката за пулмологија при Универзитетската болница на Србија се пополнуваат.

„Веќе 15 дена се бориме со короната, таа повторно се разгоре“. Граѓаните го носат вирусот од Грција, Црна Гора и од други земји, каде што биле на одмор. Овој вид има очигледни симптоми, но лекарите може да го помешаат и со алергии, кои се сега актуелни. Се јавува високо ЦРП и бргу се појавува пневмонија бидејќи вирусот го напаѓа ткивото на белите дробови. Изгледа цел на вирусот се оние што не се вакцинирани, но има и спорадично вакцинирани со поблаги симптоми. Помладите имаат висока температура до 40, која трае неколку дена. Повозрасните граѓани имаат компликации, како и луѓето со коморбидитети, а неколку мои пациенти веќе се примени на Инфективната клиника“, изјави Драган Миљковиќ, специјалист по општа медицина, за „Нова.рс“.

Тој нагласува дека постојните тестови на коронавирусот се несигурни.

„Тестовите се целосно бескорисни бидејќи овој вид е многу отпорен. Тоа е мутант што тестот не го ни препознава. Допрва треба да се направи тест за овој сој на коронавирус. Луѓето се тестираат и добиваат негативни резултати, а ги имаат сите симптоми на коронавирус. Не ми требаат да ми носат тест, знам доволно за овој вирус за да проценам дека нападнал. Сè може да се види во крвната слика и на белите дробови. Овој сој бргу ги напаѓа белите дробови, што не се случува во толкава мера со грипот и другите респираторни вируси. Секој што чувствува симптоми мора да направи Д-димер, ЦРП, крвна слика и ЛДХ“, советува докторот.

Тој истакнува дека клиничката слика на овој вид е слична на онаа на првиот вид од Вухан.

„Хроничните пациенти се во најголема опасност. Чувството за мирис и вкус слабее, како и со видот од Вухан. Масовните невакцинирани имаат потешка клиничка слика, но има и луѓе што ја примиле вакцината, но се постари. Астматичарите спаѓаат во најчувствителната група, но и сите со хронични заболувања, хипертензија и имунокомпромитирани пациенти. Вирусот се третира симптоматски, а антибиотиците се воведуваат по потреба, сè зависи од крвната слика и од комплетната лабораторија“, потенцира Миљковиќ.

Нова варијанта на коронавирусот БА2.86, наречена пирола, е регистрирана пред две недели во Америка, Велика Британија, Данска и во Израел.

Виролозите, пак, сметаат дека треба да се проучи оваа подваријанта и да се подготват граѓаните доколку се работи за соеви што предизвикуваат потешка клиничка слика.

„Тоа се омикронски подваријанти. Ова се нови мутации, а претпоставката е дека лесно се пренесуваат. Во земјите во кои се регистрирани постојано ги тестираат варијантите што се присутни, проверуваат дали влијаат на тежината на клиничката слика, дали помагаат терапии, дали вакцините се ефикасни. Верувам дека коронавирусот ќе дејствува како грипот, па од сезона на сезона ќе имаме нова мутација за која ќе биде неопходно да се прими сезонска вакцина за да останеме имуни на инфекции. Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство во моментот е единствената институција во земјата што може да регистрира нова подваријанта на вирусот бидејќи со ваква работа веќе не се занимава ниту една друга лабораторија“, објаснува Александра Кнежевиќ, вирусолог, за „Нова“.

СЗО нагласи дека засега нема податоци дека оваа варијанта предизвикува потешка клиничка слика, а не се знае како реагира на лековите и на организмот на вакцинираниот.

Нова варијанта на коронавирусот, ерис, е идентификувана и во Унгарија, објави во петокот Националниот центар за јавно здравје и лекови МТИ. Официјалните лица нагласија дека, како и другите варијанти на омикрон, болеста предизвикува симптоми слични на грип – треска, главоболка, течење на носот, болки во грлото, болки во мускулите и зглобовите, слаб имунит