петок, 12. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

Нов негативен рекорд на нови случаи на Ковид-19 во Грција- по овие бројки границите уште долго ќе бидат затворени

Нов негативен рекорд на нови случаи на Ковид-19 во Грција- по овие бројки границите уште долго ќе бидат затворени

Вкупно 293 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Грција во изминатите 24 часа што претставува нов негативен рекорд, односно највисок број заразени од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Висок е бројот и на смртните случаи, во изминатото деноноќие починаа пет лица.

Од новите 293 случаи, 22 се по направените тестови на влезните точки во земјата, а според грчките медиуми, најголемиот број од новозаразените, 103 случаи се во областа Атика, односно поширокиот регион на Атина.

Во Солун има 54 позитивни, додека пак останатите се во 29 различни делови на Грција.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 9.280 случаи, а починаа 248 лица.