Од анализирани 235 позитивни примероци на Ковид-19 потврдени во периодот од 11 ноември 2020 година до 18 јануари во Грција, 33 се однесуваат на новиот вид на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.
По направените анализи на Институтот за биомедицински истражувања, од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека 172 од анализирани позитивни примероци се однесуваат на периодот до 31 декември 2020 година и е пронајден само еден случај на новиот мутиран вид, по направен ПЦР текст на 23 декември 2020 година.
Од останатите 63 позитивни случаи на Ковид-19, од периодот од 11 до 18 јануари, односно за само една седмица, потврдени се 32 случаи на новиот вид на коронавирусот, од кои повеќе од половина се во Атина.
Поконкретно, три се откриени на влезните точки во земјата, четири се од контакти на веќе потврден случај, осум се на островот Крит и 17 во Атина.