петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

НОВО ВИДЕО од апсењето на сестрите МОНСТРУМИ, a еве што се случува со малтретираната старица

НОВО ВИДЕО од апсењето на сестрите МОНСТРУМИ, a еве што се случува со малтретираната старица

По ужасната снимка од изживувањетона медицинските сестри врз безпомшно старо лице, штитеничка во Домот за стари лица во Пеќ, се појавија видео снимки од нивното апсење. Скандалот што беше виден во центарот „Оренда“ продолжува да се коментира во целиот регион. Полицијата на Косово денеска уапси ги уапси вработените осомничени дека ја злоставувале Манира Нура, која е згрижена таму.

Таа беше жртва на брутален и нехуман напад во домот за стари лица, а во центарот на скандалот беше медицинската сестра Аурона Пелај, која, како што се гледа на снимнката, ја држи за раце и ја удира. Медицинските сестри добија притвор 48 часа, а на социјалните мрежи се појави видео од апсењето.

На видеото се гледаат како полицијата со наведнати глави ги префрла во затворот во Липјан. Тие беа уапсени под сомнение за физичко насилство врз постара жена, а видеото на кое се гледа како се смеат и ја тепаат жената предизвика бурни реакции низ регионот. Ќерката на Минира, која боледува од Алцхајмерова болест, ќерка денеска си ја земала од домот за стари лица каде доживеала насилство.