Училиштата, градинките и Универзитетите во Грција ќе останат затворени до 10 мај 2020 година, соопшти денеска Министерството за образование и религија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Во текот на денот во Службен весник ќе биде објавена заедничката одлука на надлежните министри за продолжување на привремената забрана за работа на сите образовни институции.
По затворањето на училиштата и Универзитетите во Грција на 11 март, учениците и студентите следат онлајн настава и предавања.