недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Од утре полициски час во цела Грција

Од утре полициски час во цела Грција

Од утре на територијата на цела Грција ќе биде воведен полициски час со кој ќе се ограничи движењето на граѓаните од 21 до 5 часот наутро, пренесува АНА-МПА, пишува Алсат-М.

Грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаjас, на вонредна прес-конференција рече дека на граѓаните ќе им биде дозволено да го напуштат својот дом само поради работни обврски, итни здравствени причини, како и прошетка на миленичиња, но за секоја од овие причини ќе биде потребна потврда или СМС-порака.

Три дена по ред, бројот на смртни случаи од последици на ковид во Грција е над 40, а бројот на пациенти кои се поврзани со апаратите се зголемува.

Според официјалните податоци на грчката Национална организација за јавно здравје, во изминатите 24 часа се регистрирани 2.752 новозаболени лица, 43 починале, а 297 пациенти биле приклучени на апаратите.

Најголем број заразени има 777 во Солун, додека во поширокиот регион на Атина е 635.

Вкупно 63.321 случај е регистриран во Грција од почетокот на епидемијата, а 909 лица починале.