сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Одреден 30 дневен притвор за таткото на Коста

Одреден 30 дневен притвор за таткото на Коста

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на таткото В.К.(47), чиј син К.К. во основното училиште Владислав Рибникар уби девет и рани седум лица.

В.К е осомничен за кривично дело Тешки дела против општото обезбедување од чл.288 ст.2 во врска со чл.278 ст.1 од Кривичниот законик.

Притворот му е одреден поради постоење особени околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што кривичното дело кое му се става на товар е казниво со затворска казна над десет години, а начинот на извршувањето и сериозноста на последиците од кривичното дело  ја вознемируваат јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.

На денешното сослушување осомничениот негираше дека го сторил делото и детално ја изнесел својата одбрана.