Во словенечкиот регион Крас синоќа околу 800 пожарникари се обидувале да го задржат пожарот под контрола и гаснеле „помали жаришта“.
Поради густиот чад жителите од 10 села превентивно се евакуирани.
Во гаснењето на пожарот денеска ќе се вклучат и 11 хеликоптери, а се очекува во интервенцијата да се вклучи и хрватскиот канадер.
– Се надеваме дека пожарникарите со поддршка од воздух утрово ќе успеат да го ограничат пожарот.
Според метеоролозите дожд во регионот на пожарот се очекува следната недела, најверојатно во вторник.
На 20 јули пожарот од Италија се прошири и во Словенија. Тоа е најголем пожар досега во Словенија. (МИА)