сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Операција Фамилија: Европол заплени над еден тон кокаин и 2 милиони евра на Балканот

Операција Фамилија: Европол заплени над еден тон кокаин и 2 милиони евра на Балканот

Над еден тон кокаин и 2 милиони евра се запленети во „Фамилија“, глобална операција против шверц на Балканот, соопшти Европол.

Криминалната мрежа е осомничена дека внела дрога во Европа од Јужна Америка во текот на оваа година и минатата со приватни авиони. Проценките се дека криминалците доставиле и хероин од Макао и Хонгконг со бродови.

Европол соопшти дека двајца клучни членови на мрежата се уапсени во Швајцарија и во Хрватска. Шеснаесет апсења се извршени во двете држави, како и во Чешка, Србија и во Хонгконг. Единаесет апсења се извршени во Европа, 5 во Азија.

При претрес во Хрватска, Чешка, Србија, Словенија и Швајцарија полицијата запленила не само кокаин, туку и два милиона евра, како и луксузни стоки вредни над милион евра.

Акцијата била координирана од Европол и Федералната управа на САД за контрола над наркотици (ДЕА).