Словенечката Влада апелира до граѓаните да ги одложат патувањата во странство, посебно во Хрватска.
Владата оцени дека епидемиолошката состојба во Словенија покажува мало закрепнување, но оти е кревка, како и дека во некои соседни земји ситуацијата е полоша.
Претставникот на словенечкото Министерство за надворешни работи Андреј Штер на прес-конференција истакна дека се уште е во сила препораката на државните органи да се одложат сите несуштински патувања. Тој додаде дека ова посебно се однесува на претстојните првомајски празници, како и на оние кои имаат планираат да патуваат во Хрватска.
– Желбата на повеќето Словенци е да патуваат во Хрватска, но таа држава се наоѓа во тешка ситуација со голем број заразени лица и оптоварен здравствен систем, наведе рече Штер.
Тој додаде дека тие кои би сакале да патуваат во Хрватска да не очекуваа таму „идилична туристичка ситуација“, како и дека за преминувањето на границата во двата правца потребен е негативен тест на Ковид-19.