понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Петков: Драгомир Заков е новиот предлог за министер за одбрана на Бугарија

Петков: Драгомир Заков е новиот предлог за министер за одбрана на Бугарија

Премиерот на Бугарија Кирил Петков при влегувањето во Народното собрание соопшти дека Драгомир Заков е новиот предлог за министер за одбрана.

Драгомир Заков е професионален дипломат од кариера и од 2019 година е постојан претставник на Бугарија во седиштето на НАТО во Брисел.

Народното собрание во моментов е на 30-минутна пауза по барање на владејачката партија „Продолжуваме со промената“.

Вчера бугарскиот премиер Кирил Петков побара оставка од министерот за одбрана Стефан Јанев поради објава на Фејсбук и ја објави кандидатурата на познатиот експерт Тодор Тагарев, кој во 2013 година веќе беше министер за одбрана во преодната влада на Марин Рајков. Петков ја координирал промената со другите коалициски партнери, а го информирал и бугарскиот претседател Румен Радев.