петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Планот бил Чеченец да го убие Вучиќ со снајпер

Планот бил Чеченец да го убие Вучиќ со снајпер

Преседателот на Србија Александар Вучиќ требало да биде убиен на среднината на изборната кампања, дознаваат српските медиуми. Проценките на атентаторите биле дека тој тогаш повеќе ќе се движи меѓу народ и бил погодна мета.

Дури и се оди до тоа дека нападот би требало да биде изведен за време на отворање на некоја фабрика.

Ликвидацијата требало да ја изврши платен убиец од Чеченија кој има големо искуство на фронтовите.

Организатор на атентатот е поранешен член на криминалната група „Пинк Пантер кој има прекар „Дебелиот“ и е кум со водачот на Кавачкиот клан Радојде Звицер, пишува „Ало.рс. Хонорарот наводно изнесува еден милион долари.