Полициските власти во Вараждин, Хрватска, ги отфрлија наводите за постоење „комбајн мафија“ што уништува полиња и краде туѓи засади на организиран начин.
Тие појаснија дека се работи за сопственик кој со комбајн влегол во нивите на соседите.
Забуната настана откако полицијата првично извести за три слични пријави, каде различни луѓе се пожалиле дека непознато лице со комбајн ги обработува нивните ниви со пченка.
Потоа, самите оштетени ги известиле надлежните дека во сите три случаи соседот по грешка почнал да ги жнее нивните ниви.