Според податоците од мониторинг извештајот на Министерството за здравство и социјална заштита во Албанија, за 2022 година, вкупниот број на хоспитализирани пациенти изнесува 277.881 пациенти.
По пандемијата Ковид-19 во 2022 година достигна најголем број хоспитализирани.
-Лекарите предупредија дека по пандемијата ќе има зголемување особено на операциите на срце како бајпас и коронарни стентови, поради проблемите по Ковид-19 кои мора навреме да се третираат. Во 2022 година, најголем пораст на пациенти има кај пациенти кои се лекуваат на кардиологија-кардиохирургија и во психијатриските болници во Албанија. Приемите во клиниката за кардиологија во Тирана се зголемени за 23 отсто во однос на 2021 година, додека третманот на пациентите во психијатриските болници е зголемен за 17,5 отсто, јави Ора њуз.
Потсетува дека психијатрите уште порано го поврзуваа трендот на зголемување на пациентите во овие болници со зголемувањето на употребата на наркотици од страна на пациентите кои ја напуштаат болницата по рехабилитација.
За 2022 година, се зголемија скрининг тестовите за рак на дојка за 43 отсто во однос на претходната година. Додека радиотерапијата кај туморските заболувања е зголемена за 8,5 отсто.
Онкологот Силвана Челику претходно за весникот ” Монитор” рече дека поради страв од зараза со Ковид-19 во 2020-2021 година, многу жени се двоумеле да направат скрининг за рак на дојка и матка.
Според неа, последиците ќе се почувствуваат по здравјето, бидејќи Ковид-19 спречи рана дијагностика и ризикува зголемување на смртноста кај заболените од разни видови тумори.
-Во последните 8 години, периодот 2014-2022 година, најголем број на приеми во болниците има во 2019 година со 310.315 , а најмал број на хоспитализации има во 2014 година. (МИА)