сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

По последните терористички напади, Албанија ги зајакнува безбедносните мерки

По последните терористички напади, Албанија ги зајакнува безбедносните мерки

По терористичките напади во Франција и Виена, секторот за антитероризам во Албанија ги зајакнува безбедносните мерки во земјата, јави Топ чанел телевизија.

Во јавните простории, аеродромите и пристаништата ќе има присуство на припадници на цивилните безбедносни служби, а ќе се зголеми бројот на патроли на униформирани полициски структури, јави дописничката на МИА од Тирана.

-Овие мерки ќе бидат во сила до крајот на годината, заради празниците што не очекуваат, поточно 28-29 ноември (денот на албанската независност и денот на слободата), како и празниците на крајот на годината, Божик и Нова Година. Предметните мерки ќе ги вклучат и дипломатските служби во нашата земја, наведува телевизијата.

Поради основано сомнение за поврзаност со терористичката исламска држава или повратници од боиштата во Сирија и Ирак, под надзор на полицијата во Албанија се најмалку 70-тина лица. (МИА)