Директорот на Белградската Филхармонија Иван Тасовац (55) ненадејно починал вчера во својот дом во Белград откако му се слошило.
Екипи на Итната медицинска помош се обиделе да го реанимираат, но без успех.
Тасовац е роден во 1966 година во Белград. Дипломирал и магистрирал клавир во Москва. За време на професионалната пијанистичка кариера имал голем број настапи во Италија, Швајцарија, Шпанија, САД, Русија, Белгија, Ирска, поранешните југословенски држави и останати земји.
Беше директор на Белградската филхармонија од 2001 до 2013 година. На позицијата министер за култура беше назначен во септември 2013 и оваа функција ја извршуваше до август 2016 година. Во јануари 2017 повторно беше именуван за директор на Белградската филхармонија.
Добитник е на голем број награди.