понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Почна пребројувањето на гласовите за претседател на Република Српска

Почна пребројувањето на гласовите за претседател на Република Српска

Во Главниот центар за броење во Сараево започна пребројувањето на гласачките ливчиња за претседател на Република Српска.

Претседателот на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина Суад Арнаутовиќ ги отфрли обвинувањата дека Државната изборна комисија донела незаконска одлука за пребројување на гласовите за тоа изборно ниво, јави Бета.

– Овде нема политика или незаконски дејствија, ние ги следиме изборите согласно законот, имаме индиции и сознанија за палење на гласачки ливчиња, означување на гласачки ливчиња, неправилно пакување на изборниот материјал, неискористени ливчиња и затоа ќе направиме јавно пребројување овде, рече Арнаутовиќ.

Директорот на Главниот центар за броење, Горан Мишковиќ изјави дека прво ќе се пребројат избирачките единици Бањалука и Бјелина, а потоа ќе се пребројат гласовите од Добој. Тој изјави дека ќе работат во три смени.

ЦИК претходно ги покани јавните телевизиски сервиси во БиХ – БХРТ, Радио-телевизијата на Федерацијата БиХ (ФТВ) и Радио-телевизијата на РС (РТРС), како и други заинтересирани комерцијални медиуми, директно да го емитуваат пребројувањето на гласовите на гласачки ливчиња.