вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Поддржувачите на ГЕРБ пред бугарската Влада побараа итно ослободување на Борисов (ВИДЕО)

Поддржувачите на ГЕРБ пред бугарската Влада побараа итно ослободување на Борисов (ВИДЕО)

Бугарскиот експремиер Бојко Борисов вчеравечер беше приведен од страна на полицијата, како и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и владината Пи-Ар соработничка, Севдалина Арнаудова, поради злоупотреби во користењето на европските фондови и средства
Пред зградата на бугарската Влада утрово се одржа мирен протест, со цел да се искаже поддршка на лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, кој синоќа беше приведен од бугарската полиција, пренесува бугарската телевизија Нова.

Симпатизерите на ГЕРБ, но и пратениците од пратеничката група на оваа партија, за време на мирниот протест побарале предвремени избори во Бугарија, оставка на владата, но главното барање им е итно ослободување на Бојко Борисов од притвор.

Локалните медиуми забележаа дека ова е прв протест на партијата откако е во опозиција. Сообраќајот во реонот на бугарската Влада бил блокиран, а имало и зголемено полициско обезбедување.

Бугарскиот експремиер Бојко Борисов вчеравечер беше приведен од страна на полицијата, заедно со поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и владината Пи-Ар соработничка, Севдалина Арнаудова, поради злоупотреби во користењето на европските фондови и средства.

Слушајот го следи европското обвинителство, кое пак треба да го извести бугарското во рок од 24 часа по започнување на истражните активности.

Порано денеска и бугарскиот премиер Кирил Петков во видео порака на социјалните мрежи порача дека „никој не е над законот“ и ги повика институциите непристрасно да си ја вршат работата.