Пет новозаразени со новата подваријанта на омикрон-сојот наречена BA. 2 се регистрирани вчера во Хрватска, а минатата недела потврден беше и еден во Словенија, а два случаи кај нашиот јужен сосед, Грција. Новиот сој стана доминантен во Данска, а го има во 40 земји. Во Велика Британија со „скриениот омикрон“ (stealth omicron) се заразија 400 луѓе за првите десет дена од оваа година.
Меѓународните податоци сугерираат дека овој подтип може да се шири уште побрзо од омикрон-сојот, но не е познато дали и колку е поопасен, пренесува Јутарни. Грчките епидемиолози исто така се на ставот дека уште нема доволно информации за новиот сој.
Во Словенија вчера беше потврден првиот случај на подтипот омикрон на сојот ВА. 2. Таа додаде дека, според непотврдени податоци, постои можност на Институтот за микробиологија и имунологија во Љубљана да се откриени уште два случаи од подтипот ВА. 2.