петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Поглаварот на ГПЦ пуштен од болница

Поглаварот на ГПЦ пуштен од болница

По 12 дена лекување со Ковид-19, поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос денеска беше пуштен од болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Од атинската болница „Евангелисмос“ соопштија дека кусо пред 16 часот, Јеронимос бил пуштен.

Архиепископот Јеронимос на 19 ноември, со благи симптоми на коронавирусот, беше примен во болница откако добил позитивен резултат на тестот за Ковид-19, направен два дена претходно. (МИА)