вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Полициска инспекторка открива нови детали од распитот: Коста имаше апсолутно отсуство на емпатија

Полициска инспекторка открива нови детали од распитот: Коста имаше апсолутно отсуство на емпатија

Бојана Отовиќ Пјановиќ од српското Министерството за внатрешни работи која долги години работи со малолетници вели дека присуствувала во училиштето, но и додека се вршеле разговори со Коста К. кој усмрти 9 лица, а рани седум.

-Личниот впечаток е дека тој имаше апсолутно отсуство на емпатија. Искрено кажано, сите бевме повознемирени отколку што беше тој. Сè уште сум во шок и под општ впечаток. Цело време разменуваме искуства за тоа што можело да се направи без да се осудиме себеси и нашите постапки. Сепак, семејството потфрлило, тоа е мое мислење, невозможно е тој на бирото да има скица, а да не се види. Како да има плач за внимание, на детето му треба вниманието на родителите, изјави таа во гостувањето на „Белградска хроника“ на РТС.

Драган Вулевиќ, специјалист за социјално право посочи дека се работи за структурно нарушување на однесувањето и личноста од непозната етиологија и би било добро да се утврди причината за ваквиот недостиг на емпатија.