среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Поради снег во јужниот дел на Бугарија прогласена вонредна состојба

Поради снег во јужниот дел на Бугарија прогласена вонредна состојба

Поради обилни снежни врнежи во општината Рудозем на Родопските Планини, во јужниот дел на Бугарија, денеска е прогласена вонредна состојба.

Сообраќајот е во прекин, а селата се целосно блокирани и нема пристап до нив. На некои места висината на снегот достигна и до еден метар.

Тешкиот и влажен снег предизвика лизгање на земјиштето на патиштата, а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.

Речиси цел ден волонтери ги отстрануваат паднатите дрвја од улиците.