Силен дожд утрово паѓа на Јадранот, а многу улици во центарот на Сплит се поплавени.
Хрватскиот автомобилски сојуз ХАК предупредува дека патиштата низ Далмација се полни со вода, а на некои места се затворени поради непроодност.
Splićani se hrvaju s lošim vremenom #vijesti #split #kiša https://t.co/DXSfxpjMfh
— tportal (@tportal) December 5, 2021
– На некои места има магла, а можни се и одрони, особено на Јадранската магистрала (DC8) и патиштата во планините. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема, соопшти ХАК.
Поради водата на патот затворени се локалните патишта во месноста Вргорац.
Врнежите ќе престанат во повеќето делови до понеделник наутро, а подоцна ќе бидат претежно на исток и особено на југот на Хрватска, каде на места е можна и во вторник, пренесува Индекс.хр.
Според прогнозата на метеоролозите, во Хрватска попладне и навечер се прогнозира снег.