Земјотрес со јачина од 2,8 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска со епицентар во Јадранското Море.
Потресот бил регистриран на 109 километри јужно од Сплит и 60 километри југозападно од Вела Лука, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.