петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Потресно сведоштво на татко: Ја погледнал ќерка ми во очи и почнал да пука, погодил две девојчиња кои седеле пред неа

Потресно сведоштво на татко: Ја погледнал ќерка ми во очи и почнал да пука, погодил две девојчиња кои седеле пред неа

Татко на девојче кое за време на пукањето истрчало од училницата вели дека Коста К. е нејзин соученик, инаку одличен ученик, кој со студен израз на лицето влегол во училницата и пукал.

Како што рече, кога дошол пред училиштето имало многу полиција, го видел психологот, професори… Најпрво не знаел што се случува, но паниката почнала откако дознал за убиствата. Вели, ја повикал сопругата да и каже дека дознал дека било пукано кон наставничката по историјата.

По разговорото со сопругата, заминал повторно во домот кој им е во непосредна близина, и видел на распоредот дека неговата ќерка прв час има историја.

Според него, агонијата траела се додека не дознал дека ќерката и се јавила на мајка си.

– Подоцна дознав дека моето дете било надвор евакуирано, дека контактирало со мајка си. Таа била во училницата каде се случило пукањето, тој прво пукал во учителката, а потоа и во учениците кои биле под клупите. Моето дете истрчало надвор. Во шок сме сите. Дознав пред училиштето што точно се случило, едно девојче имаше целосно крвава маица, а виделе две други девојчиња како лежат со крвави глави преку клупата. Велат тоа момче било мирен и добар ученик. Наставниците се шокирани што можел да го направи тоа, рекол таткото.

Таткото на девојчето кое успеало да побегне за време на пукањето вели дека неговата ќерка за влакно ја избегнала смртта.

– Ќерка ми за влакно ја избегна смртта. Таа вели дека кога влегол во училницата и почнал да пука, го погледнала во очи и вели дека и тој ја погледнал и почнал да пука во друга насока. Пукал во двете девојчиња кои биле пред неа. Едно од нив е девојчето кое е повредено во главата. Кога излезе списокот видовме дека ја нема ќерка ми на списокот, но на списокот ги немаше ниту девојките пред неа кои седеа, а беа убиени, изјави Милан.