петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Повеќе од 40 отсто од српските граѓани веруваат во теории на заговор за кoрoната

Повеќе од 40 отсто од српските граѓани веруваат во теории на заговор за кoрoната

Три четвртини од испитаниците во Западен Балкан веруваат во некои од теориите на заговор во врска со коронавирусот, што е многу поголем процент отколку во другите делови на Европа, додека во Србија околу 41,5 отсто од испитаниците веруваат во вакви теории, покажаа резултатите од истражувањето спроведено во октомври од „Атлантскиот совет“ со седиште во Вашингтон и советодавната група за јавни политики „Балканот во Европа“.

Повикувајќи се на резултатите од анкетата, белградскиот весник Политика во денешното издание објави дека секој трет граѓанин на Србија изјавил дека нема да се вакцинира против тој вирус, додека 20 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе ја примат вакцината, односно дека најверојатно ќе се вакцинирааат.

Истражувањето, исто така, покажа дека најголемиот број српски граѓани веруваат дека „фармакомафијата“ е вклучена во ширењето на вирусот, околу една третина од испитаниците сметаат дека кинеската влада го произвела вирусот во лабораторија, односно дека вирусот „избегал“ од лабораторијата во Вухан, нешто помал број верува дека за вирусот е одговорен Бил Гејтс, додека најмал е бројот на оние кои ја поврзуваат пандемијата со 5G технологијата.