Ја повлекуваме иницијативата за гласање недоверба на Владата на Црна Гора, соопшти денеска опозицијата во Собранието на Црна Гора.
Заедничката изјава е поднесена од Демократската партија на социјалистите (ДПС), пренесува Вијести.
-Имајќи ја предвид најавата на Демократскиот фронт (ДФ) дека ќе поднесе иницијатива за скратување на мандатот на Собранието, објавена на 11 декември, а откако здружената опозиција започна постапка за недоверба на Владата, сметаме дека Разговорите за формирање ново парламентарно мнозинство треба да започнат без одлагање.- се наведува во соопштението.
Се додава дека се уверени дека ќе дојдат до формирање на ново парламентарно мнозиноство и дека на тој начин ќе биде остварена неопходно претпоставка за пад на Владата и разрешување на претседателот на Црногорскиот Парламент.
Потсетуваме дека за денес во 12 часот беше најавена седница на која требаше да се гласа за отповикување на Владата на чело со Здравко Кривокапиќ, но во меѓувреме се појавија гласини за повик на овој предлог.