Пожарот што го зафати словенечкиот регион Крас, што се наоѓа на границата со Италија, досега зафати повеќе од 2.000 хектари и тоа е најголем пожар во Словенија.
Пожарот пред два дена се прошири од Италија, а синоќа беше ставен под контрола, за денеска повторно да се активира.
Словенечката цивилна заштита нареди евакуација на околу 400 жители од трите села Војшчица, Теминца и Новел, иако огнот сè уште е оддалечен од населените места.
Словенечката армија на Твитер објави дека потрошила половина милион литри вода за гаснење на пожарот. (МИА)