петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пожар БЕСНЕЕ на омилената летна дестинација на македонците: Пожарникари со хеликоптери и авиони се обидуваат да ја сопрат огнената стихија (ВИДЕО)

Пожар БЕСНЕЕ на омилената летна дестинација на македонците: Пожарникари со хеликоптери и авиони се обидуваат да ја сопрат огнената стихија (ВИДЕО)

Грчките пожарникари вложуваат огромни напори да ја сопрат огнената стихија која беснее во близина на Волимес на островот Закинтос.

Припадниците на пожарната служба денес настојуваат да го спречат понатамошното ширење на шумскиот пожар кој ја пустоши шумата околу плажата Навагио кај Волимес, пренесува агенцијата “ANA”.

На лице место се ангажирани 16 противпожарни системи, 69 пожарникари плус 3 тима кои интервенираат на местата кои се гасени од хеликоптери и авиони.

Пожарот кој избил вчера напладне продолжил да се шири преку ноќ под влијание на силен ветер, што на пожарникарите им оневозможило поефикасно да интервенираат.