сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пожар кај Дубровник

Пожар кај Дубровник
илустрација

Во близина на Дубровник, Хрватска, попладнето избувна пожар, а во акцијата за гаснење учествуваат четири канадери.

Јавната противпожарна служба на Дубровник соопшти дека пожарот избувнал над дубровничката населба Орашац и оти во гаснењето се ангажирани 29 пожарникари со десет возила, а хрватското Министерство за одбрана соопшти дека се ангажирани и четири канадери.

Хрватското Министерство за одбрана на Твитер соопшти дека два канадери, а потоа уште два биле испратени да го изгаснат пожарот на пожарната локација Затон-Љубач во Дубровничко-неретванската жупанија.