недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пожари во Грција: Каменос тврди дека за размерот на несреќата виновно е нелегалното градење

Пожари во Грција: Каменос тврди дека за размерот на несреќата виновно е нелегалното градење

Спасувачките служби ги пребаруваат автомобилите, куќите и крајбрежјето во потрага за преживеани по пожарите во кои загинаа најмалку 83 лица.

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави за Би-Би-Си дека нелегалното градење придонело до стравичните размери на еден од најголемите пожари во Грција.

Тој рече дека градењето на просторот на шумската област во Мати било „злосторство“ кое резултирало со блокирање на патиштата за евакуација.

Каменос се сретна со гневните жители за време на посетата на областа која беше погодена од пожарите.

Најмалку 83 луѓе загинаа, а десетина се водат за исчезнати и во тек е потрага по нив.

Многумина од нив се пронајдени заробени на места каде што ги престигнал пламенот кој се движел со 100 километри на час.