петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пожар го прекина сообраќајот преку теснецот Дарданели

Пожар го прекина сообраќајот преку теснецот Дарданели

Поморскиот сообраќај од Егејското Море до Мраморното Море преку теснецот Дарданели е во прекин поради шумски пожар во северозападната турска провинција Чанаккале, соопштија вечерва турското Министерство за сообраќај и Агенцијата за транспорт Трибека.

Во соопштението на Агенцијата се прецизира дека сообраќајот преку Дарданелите е прекинат во двата правци, за авионите кои го гаснат пожарот безбедно да земаат вода од морето.

Од Министерството посочија дека реморкерите се подготвени да интервенираат доколку пожарот се приближи до брегот и да дадат дополнителна поддршка во акцијата за гаснење на пожарот.