Поради силниот земјотрес што денеска ја погоди Петриња, дојде до преоптоварување на мобилните и фиксните мрежи во Хрватска.
– Поради исклучително големиот број повици во мобилните и фиксни мрежи во исто време, можни се повремени прекини и застои, иако состојбата на мрежата на А1 е стабилна и сè работи, информирале од А1 за Хина.
Тие исто така додале дека активно ја следат состојбата на инфраструктурата и апелираат корисниците разумно да ги користат телекомуникациските услуги за врските да бидат достапни за секого, пред сè за итни случаи, и за најзагрозените да можат да контактираат со најблиските.
Од Хрватски телеком (ХТ) одговорија дека како резултат на земјотресот има краткорочни тешкотии во користењето на нивната мрежа, но и дека ситуацијата брзо се стабилизира.
– Во моментов, ние не бележиме големи нарушувања, освен во областа Петриња, Сисак и Глина, каде што веднаш заминаа нашите експерти, велат од Хрватски телеком. (МИА)