Претседавачот со претседателството на БиХ, Милорад Додик, закажа итна седница заради миграциската криза и особено тешката ситуација во Унско-санскиот кантон.
Додик рече дека не верува дека на седницата да бидат донесени некои конкретни резултати, јавија сараевски медиуми.
Како што рече, тој не сакал да одбие да свика седница, побарана од членот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, додавајќи дека се сомнева во нејзиниот соодветен исход.
Додик додаде дека никој нема да ја испрати армијата на границата со Србија за да спречи влез на мигранти и потсети дека се одржа седница посветена на проблемот со мигрантите, каде што беше констатирано дека треба да се изготви сеопфатен план и да се даде задача на Советот на министри да го стори тоа, но дека ништо се уште не е направено.