вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

При силен земјотрес во Турција постои закана од цунами

При силен земјотрес во Турција постои закана од цунами

Извештај на експертска комисија презентиран пред турскиот Парламент околу мерките кои треба да се преземат со цел да се минимизираат последиците од евентуален силен земјотрес, предупредува на опасност од цунами во Турција, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Во извештајот на повеќе од 500 страници се наведува „јасна опасност од цунами” во земја каде што бреговите на Егејското, Средоземното и Мраморното Море се густо населени и се забележува голема сеизмичка активност, пишува весникот „Милиет”.

Според документот, првиот удар при евентуално цунами нема да предизвика штета, но ќе го следат други кои ќе бидат уништувачки.

Во извештајот се тврди дека Мраморното Море има голем потенцијал за појава на цунами, а истражувањата покажуваат дека овој феномен е забележан таму повеќе од 30 пати во минатото.

При силен земјотрес се очекува првиот бран на можно цунами да стигне до брегот за десет минути, а највисокиот од нив да го погоди копното за околу еден час или час и половина. Островите и источниот дел на Мраморното Море се очекува да бидат најпогодени од цунами, предупредува извештајот.