Под притисок на САД, приштинската влада одлучила сепак да му овозможи на српскиот претседател Александар Вучиќ и посета на браната Газивода.
Според приштински медиуми до промена на ставот дошло по предлог на САД до приштинските институции за да „нема тензии меѓу двете држави“.
Во извештајот на медиумите во Приштина се додава дека планот за посета на претседателот на Србија е одобрен во согласност со барањата и со „Правилата за посета на високи официјални лица предвидени со договор од Брисел“.
Според извори на Коха, претставници на косовските институции во текот на денот ќе бидат во контакт со западни партнери во врска со таа одлука. (МИА)