Хрват бил приведен откако на Фејсбук се појавило видео како мачи куче. Полицијата потврдила дека човекот бил одведен на испрашување.
На видеото можело да се види како постар маж со ловечка опрема шутира куче, кое очајно се обидува да се сокрие под возилото.
Наводно, човекот бил изнервиран бидејќи кучињата изгризале нешто во гепекот од возилото во кое ги однел до местото на настанот. По шутирањето, сите кучиња послушно влегле во возилото.
Неговата постапка ги згрозила корисниците на Фејсбук и здруженијата за заштита на животните.