недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Радев се надева дека политиката во Бугарија ќе се стабилизира

Радев се надева дека политиката во Бугарија ќе се стабилизира

Искрено се надевам дека 48. Народно собрание ќе нè изведе од спиралата на политичка нестабилност, а клучот е токму во вас. Тоа го истакна претседателот на Бугарија Румен Радев од собраниската говорница во своето обраќање до народот и новоизбраното 48. Народно собрание кое денеска ја одржува првата свечена седница.

– И покрај краткиот живот на последните парламенти, секој почеток е исполнет со надеж. Имате можност да оставите достоен белег во историјата со приказ на разум, граѓанска одговорност и волја во овие тешки времиња за Бугарија и Европа, им се обрати Радев на бугарските пратеници.

Потребна е мудрост, потребна е храброст да се формира влада која може да преземе одговорност и да владее во време на тешки искушенија, додаде тој.

Радев ги предупреди народните избраници дека парламентарното време е вредно и гласачите ќе се чувствуваат изневерени доколку тоа време се „удави во скандали“. (МИА)