четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Радев утре ќе даде мандат за состав на нова бугарска влада

Радев утре ќе даде мандат за состав на нова бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев утре претпладне ќе му даде мандат за состав на нова влада на кандидатот за премиер од втората по бројност парламентарна група – Има таков народ. Тоа го соопштија од Кабинетот на бугарскиот претседател.

Партијата на Слави Трифонов, вчера соопшти дека нивни кандидат е Антоанета Стефанова која ќе го врати мандатот за состав на влада на Бугарија. Според нив, таа тоа ќе го направи веднаш без да се чекаат седум дена на кои има право. Според бугарскиот Устав, Радев потоа не е должен да се води од бројноста на партија во Парламентот за давање мандат за состав на влада.

„Демократска Бугарија“ веќе изјави дека нема намера да го исполни мандатот, а денес шестата група – „Исправи се! Мафијата надвор“, соопшти дека ќе разгледаат што ќе направат, но не исклучија можноста за предлагање на проект на кабинетот. Досега, БСП и ДПС одбија да коментираат дали ќе се обидат да формираат кабинет. Доколку третата група го врати неисполнет мандатот, Румен Радев ќе мора да назначи привремена влада, да го распушти Националното собрание и да закаже нови парламентарни избори. (МИА)