сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Радев утре ќе одржи консултации за новата влада на Бугарија

Радев утре ќе одржи консултации за новата влада на Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе одржи консултации со претставници на пратеничките групи од 46-то Национално собрание, пред да му го предаде мандатот за формирање нова влада на кандидатот за премиер што ќе го номинира најголемата партија во парламентот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, консултациите со пратеничките групи, предвидени со бугарскиот Устав, Радев ќе ги оддржи утре во претседателската институција.

Први кои се поканети во претседателството се победниците на изборите од 11 јули, „Има таков народ “, еден час по нив ќе влезат од ГЕРБ-СДС, потоа „БСП за Бугарија “, додека попладне се планирани средбите со „Демократска Бугарија“, по нив ДПС, и на крајот од „Исправи се БГ! Доаѓаме!”. (МИА)