Победничката на регионалниот Велики Брат во 2011 година, Маријана Зајфрет исчезна на 27 април. Полицијата се уште нема трага за тоа каде се наоѓа.
Нејзиниот сопруг Карло кусо прокоментирал дека нема нови информации за напредок во истрагата, а единствено што полицијата пронашла е она и што веќе е познато во јавноста, односно нејзините лични работи.
Стори.хр пишува дека според пријателки на Маријана, таа се свртела кон верата.
-Многу читаше книги со верска тематика, но за тоа би можела повеќе да ви каже пријателската со која последните години поминуваше повеќе време. Делеа исти интереси и двете се пронајдоа во верата и молитвата, вели пријателка на Маријана.