вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Редок вид желка во мрежите на албанските рибари

Редок вид желка во мрежите на албанските рибари

Редок вид желка,со своите мрежи уловија рибари од приморскиот град Орикум,кај Валона.

Станува збор за морска желка од загрозениот вид  „Карета“,стара 45 години, тешка 40 килограми. На телото нема никакви повреди и по евидентирањето од страна на стручни лица вратена е во водите на Јонско Море.

Деновиве рибарите од Валона уловија редок вид риба „Ruvetus“,тешка 50 килограми а долга два метра. Живее во поголеми длабочини,се храни со лигњи и ракчиња,

Рибарите потврдуваат дека во заливот на Валона, во водите на Јонско Море,биле уловени и други риби од редок вид, како и ајкули, што укажува дека климатските промени условиле тие да се појават и во морските води на албанскиот дел.

МИА