петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Рекорден број на новозаразени во Грција

Рекорден број на новозаразени во Грција

Најголемиот број на нови случаи на заразата е поврзан со жариштето во мигрантскиот камп на островот Лезбос каде се регистрирани 184 случаи.

Вкупниот број на заразени со коронавирус во Грција моментално изнесува 15.595, додека од последиците на Ковид-19 до сега починале 344 пациенти.

Во Грција од денес се заострени мерките со цел борба против Ковид-19, кои ќе бидат во сила наредните две недели.