петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Рекордни 1.700 тони ѓубре собрани во Солун во периодот околу Божиќ

Рекордни 1.700 тони ѓубре собрани во Солун во периодот околу Божиќ

Во изминатите три дена, односно пред Божик, за Божик и ден потоа во центарот на Солун биле собрани околу 1.700 тони ѓубре, што според локалните власти е рекорден број, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик-градоначалникот за хигиена и рециклирање на општина Солун, Костас Јакову, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека собраниот отпад е само од обичните и кантите за рециклирање, без да бидат вклучени и стаклените шишиња и само во строгиот центар на градот.

-Имавме зголемување на сметот за околу 15-20 отсто во споредба со другите години и во однос на другите празнични денови, вели Јакову, нагласувајќи дека најголемиот обем на отпад бил во централните населби, особено онаму каде што има многу ресторани, кафулиња и барови.

Тој додава дека службата очекува слична слика во Солун и за Нова година.  (МИА)