Командантот на КФОР, Ангело Микеле Ристуча, денеска, на крајот на неговиот мандат на Косово, изјави дека мисијата на НАТО ја продолжува својата улога на теренот, при што наскоро ќе пристигнат дополнителни трупи и дека само политичко решение може да донесе мир во регионот.
Ристуча на прес-конференцијата наведе дека ситуацијата во Косово сега е помирна од пред неколку недели.
Тој ја нарече оваа година предизвикувачка во однос на безбедносната ситуација во покраината.
– Ова беше многу предизвикувачка година за нас. Оваа криза бараше воени и дипломатски напори за да се создаде постабилна ситуација. Ситуацијата се искомплицира поради повеќе фактори, недоверба меѓу партиите, долго нерешени прашања, токсични наративи во текот на овие недели, преземени се многу активности. Дополнителни трупи ќе продолжат да пристигнуваат од другите сојузници, наведе Ристуча.