Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи економската помош од САД од 200 милиони американски долари, првично наменета за Палестинците, да ја пренасочи на други програми.
– Извршивме ревизија на американската помош за палестинската власт, како на Западниот брег, така и во Газа, за да се осигуриме дека овие средства ќе бидат потрошени во согласност со американските национални интереси и во корист на американските даночни обврзници, соопшти Стејт департментот.
Како резултат на тоа, а по наредба на претседателот, „ние ќе пренасочиме повеќе од 200 милиони долари во фискалната 2017 година што првично беше планирана за Западниот Брег и Газа за проекти со висок приоритет на други места”.
Стејт департментот го информираше Конгресот за оваа одлука, која прво беше испратена до пратениците, а потоа и до медиумите.