недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Сакале да продадат малолетно девојче за брак во Србија, најдено е во венчаница на граница

Сакале да продадат малолетно девојче за брак во Србија, најдено е во венчаница на граница

Полицијата кај Тузла вчера спречи продажба на 13-годишно девојче за таканаречен малолетнички брак.

Како што соопштија од Здружението Земја на деца во Босна и Херцеговина, поради навремени и координирани напори на Центарот за социјална работа и полициското одделение, продажбата на 13-годишно девојче за т.н. договорен брак со Република Србија бил спречен вчера.

„Девојчето е пронајдено во венчаница во автомобил кој се движел кон државната граница меѓу двете земји. Ова е уште еден пример за добра практика во кантонот Тузла, што покажува дека доследната примена на локалниот протокол за превенција и постапувањето со случаи на детска експлоатација е единственото ефикасно и одржливо решение за превенција и проактивна идентификација на потенцијалните жртви на трговија со деца“, соопштуваат од Здружението.

Во претходните три години, оваа организација, заедно со Координативниот тим за борба против трговијата со луѓе на кантонот Тузла, разви механизми за упатување и ги зајакна капацитетите на професионалците за спречување и сузбивање на експлоатација на деца во локалните заедници во најнаселениот кантон.