сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Сали Бериша исклучен од парламентарната група на Демократската партија, парламентот го прифати барањето на лидерот Баша

Сали Бериша исклучен од парламентарната група на Демократската партија, парламентот го прифати барањето на лидерот Баша

Албанскиот Парламент го прифати барањето на Демократската партија за составот на пратеничката група без Сали Бериша, иако на конституивната седница, тој даде заклетва, како дел од групата на ПД.

Законодавниот дом на тој начин го легитимираше барањето на Демократската партија, без името на Сали Бериша, кој беше исклучен од пратеничката група, од лидерот на демократите Љуљзим Баша, по барањето на американската амбасадорката Јури Ким, откако тој од страна на САД беше прогласен за „персона нон грата“, поради корупција.

Според деловникот на Собранието, пратеник кој ја напушта пратеничката група може да се приклучи на друга пратеничка група само по шест месеци од датумот на заминување.

-Пратениците можат да формираат парламентарни групи според партиската припадност или политичката ориентација. Во рок од три дена од денот на изборот на претседател на Собранието, секој писмено изјавува во која пратеничка група припаѓа. Пратениците кои се избираат за време на Законодавниот дом, изјава потпшуваат во рок од три дена од положувањето на заклетвата. Потребни се минимум седум пратеници за формирање пратеничка група. Пратеникот може да биде член на само една пратеничка група. Оној кој ја напушта пратеничката група може да се приклучи на друга пратеничка група само по шест месеци од денот на заминувањето од првата пратеничка група, стои во деловникот за работа на Парламентот.

Од собраниската служба информираа дека дека пратеничката група на Демократската партија има 44 пратеници и ја предводи пратеникот Алфред Рушај.

Демократите, со другите помали партии, со кои беше во изборна коалиција, освоија 59 пратенички места.

Бериша, кој е почесен претседател на демократите, поранешен шеф на државата и експремиер, остро реагираше на одлуката на Баша, обвинувајќи го дека прави договор со Еди Рама, додавајќи дека него го избрале граѓаните и тој ќе биде во парламентот.

По денешното соопштение од парламентот Бериша се обрати на Фејсбук, во наведувајќи дека ја почнува битката за „ една пообединета, посилна и поотворена ДП. Да живее Демократска партија.СБ“, напиша тој.

Поддржан од повеќе сопартијци тој најави средби со членството низ целата земја, за да ја врати партијата на пиедесталот што го заслужува. Во поддршка на Бериша се јави и Форумот на млади на партијата кој побара референдум во партијата околу ова прашање.