вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се бараат казни за 20 албански градоначалници, користеле јавни ресурси за изборна кампања

Се бараат казни за 20 албански градоначалници, користеле јавни ресурси за изборна кампања

Претседателот на албанската Централна изборна комисија (ЦИК) Илиријан Целибаши соопшти дека до Комисијата за жалби и санкции упатил барања за изрекување  парични казни за градоначалници, претставници на министерства и директори на училишта, кои во изборната кампања користеле јавни ресурси.

-ЦИК бара парична казна за 20 градоначалници бидејќи користеле јавни ресурси за водење изборна  кампања. Казни се побарани и за пет генерални секретари во пет министерства како и за двајца директори на училишта, стои во објавата на веб страната на ЦИК.

Според медиумите Комисијата за жалби и санкции ќе одржи седница денеска, но повеќе од јасно е дека ќе даде позитивен одговор на барањето на ЦИК, бидејќи забрането е корисење на јавни ресурси за време на изборна кампања.  (МИА)