четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се крчка создавање на нова македонска политичка партија во Албанија!

Се крчка создавање на нова македонска политичка партија во Албанија!

Периодот кој што следува можеби ќе биде клучен за основање на нова македонска партија.

Ова ексклузивно за Курир го тврди нашиот соговорник, бидејќи во изминатиот период се случија многу турбулентни настани, од кои како што вели најмногу е погоден македонскиот народ, а особено Македонците од соседството, кои што се оставени на милост и немилост, односно оставени самите на себе.

– Сведоци сме дека изминатиот период донесе многу политички турбуленции во регионот од кои најмногу настрадаа само Македонците. Македонците од соседните држави се оставени самите на себе, додека одредени земји немилосредно роварат низ овие делови и сакаат со сила во 21от век да им одредат друга националност. Таков е и случајот со Македонците од Мала Преспа каде што една земја, членка на ЕУ на секој можен начин се обидува да не асимилира и пред светот да не претстави како припадници на друга националност.

Откако Македонија ги потпиша двата договори со Бугарија, односно со Грција апетитите на оние кои што сонуваат дека овие краишта им припаѓале ним се зголемија стократно.

-После потпишаните таканаречените договори за добрососедство помеѓу Македонија со Бугарија и Грција, апетитите на македонските негатори кои се желни и кои буквално сонуваат за овој дел, особено Мала Преспа, Гора и секаде каде што живеат Македонци во Албанија се зголеми стократно. И покрај ваквите јавни обиди немаше речиси никакви реакции од македонската партија во Албанија, од здрушенијата, односно да бидеме коректни, единствени реакции против овие асимилаторски настроени “европски” земји доаѓаа од македонското здружение “Илинден”-Тирана, вели нашиот соговорник.

Овие турбулентни времиња ја доведоа во прашање работата и воопшто функционирањето на единствената македонска парија во Албанија, од причина што во сиот изминат период не се покажа на висина на задачата и немаше никакви реакции во однос на овие асимулаторски напади кон Македонците во Албанија.

-Македонската партија во Аланија во изминатиот период не се покажа на висина на задачата и речиси воопшто не се обиде да ги заштити македонските национални интереси на нашето малцинство во Албанија, иако истата е создадена за да ги заштитува, негува и унапредува македонските вредности. За жал во изминатиот период партијата ништо не направи од овие зацртани цели. Освен лични интереси, друго ништо не се направи. Затоа, време е за некакви промени, односно да се тргне од негде и да не се остави работите да си течат сами.

Нашиот соговорник вели дека најклучен ќе биде идниот период, односно исходот на изборите и положбата во која ќе бидат доведени Македонците и македонската партија во Албанија.

-Клучен ќе биде постизборниот период и положбата во која ќе биде доведено македонското малцинство во Албанија. Доколку се продолжи со истото темпо, во период кога македонското малцинсто пред очите на целата јавност се асимилира, а од нашата партија нема никаква реакција, принудени ќе бидеме да преземеме нови чекори. Тука се разбира спаѓа и создавањето на нова македонска партија која што вистински ќе застане во заштита на македонското население, култура и промоција на македонските вредности.

Напоменав и претходно, моментално македонската партија не е на висина на својата задача на која треба да биде и не успева да ги заштити македонските национални интереси. Да поминат парламентарните избори, да се види во која положба е доведена партијата, со тоа што личните интереси ќе бидат тргнати на страна, а доколку се продолжи на ист начин со работа, не останува ништо друго, освен да остани сателит партија, бидејќи истата ја загуби општина Пустец, го загуби пратеничкото место во собранието, односно Стерјовски е поставен високо на 12т-то место на социјалистичката партија, што дополнително ја влошува позицијата на истата, а во меѓувреме исто така умаме уште дополнителни двајца Македонци на листите од другите партии. И токму од овие причини ќе биде клучен идниот период за македонско делување, и токму затоа не се исклучува можноста за создавање на нова македонска партија која најпрвин ќе има за цел инфраструктурно да се постави и да ги привлече сите разодени во своето јадро, а притоа тврдо и немилосредно ќе се бори против сите асимилатори и негатори на македонскиот народ, како во Албанија така и пошироко, вели тој.